Дознајте повеќе за оваа Програма за размена во САД

Home / Дознајте повеќе за оваа Програма за размена во САД

  YES-Logo-TransparentСледете YES на Фејсбук:

alb50 bos50 bulg50 kos50 mac50

 

English bosanski      български Македонски Shqip      srpski

 

“… тие допринесуваат толку многу на нашата заедница, запознавајќи ги нашите локални ученици со места за кои сонувале да ги посетат некој ден, култури за кои немале поим дека се разликуваат од нивните. Најдобриот дел е што ги сакам овие ученици исто колку и моите ученици. Тие го крадат моето срце и никогаш не го враќаат назад. Сакам кога ќе се вратат во посета и кога ќе слушнам од нив за нивните достигнувања, како завршувањето колеџ и она што го прават во својот живот како возрасни“.
–Домаќин родител на YES ученик

“Како нејзина мајка, можам да кажам колку таа се промени и се разви како личност. Сега е поодговорна и зрела. Таа всушност имаше можност да истражи друга култура, живеејќи со семејството-домаќин и со искусување на типичен американски тинејџерски живот. YES програмата не само што ѝ помогна да порасне, туку и да ја искуси американската култура. Родителите се загрижени за безбедноста на нивното дете во некое непознато семејство во странство, но семејствата домаќини и вработените од YES програмата и Американски совети даваат екстремна поддршка и реагираат моногу брзо. YES програмата е најдоброто нешто што и се случи на мојата ќерка”
– Родител на YES ученик

“Никогаш нема да ја заборавам оваа година исполнета со искуства, особено оето неверојатно семејство домаќин… Тие ме пречекаа не како странец, туку со насмевка на нивните лица. Јас сум една од најсреќните луѓе во светот затоа што имам и друга мајка покрај мојата природна мајка. Навистина сум им благодарна на YES програмата и на Стејт Департментот на САД за дадената шанса да се дружам со луѓе од целиот свет и да ги научам нивните култури”.
– YES алумна
НАЗАД

2017-18 YES BrochureШто е YES програмата?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Програмата за младинска размена (The Kennedy-Lugar Youth Exchange and Study – YES) е основана во октомври 2002 година од страна на Конгресот како одговор на настаните од 11 септември, 2001 во САД. YES програмата е целосно финансирана од владата на Соединетите Американски Држави и е администрирана од Бирото за образовни и културни работи (ECA) на Стејт Департментот на САД. YES програмата обезбедува стипендија за една учебна година во САД на избрани средношколци преку строг процес на селекција. Избраните ученици живеат во семејство домаќин кое волонтерски се пријавува за тоа и посетуваат средно училиште во САД за да го поттикнат разбирањето меѓу луѓето од САД и луѓето од другите земји ширум светот.

YES програмата е поддржана на локално ниво од страна на илјадници државјани на САД и локални средни училишта кои учениците ги посетуваат, во кои се едуцираат и ги поддржуваат учениците без финансиска компензација.

Сега, во својата 15-та година, програмата за младинска размена обезбедува стипендии за илјадници ученици од средните училишта од многу земји. Повеќе од 400 ученици од Југоисточна Европа досега учествуваа во програмата. Во академската 2018-19, 62 ученика од
Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Македонија учат во САД преку YES програмата.
НАЗАД

Кој ја организира програмата?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

Американски совети за меѓународно образование го организираат регрутирањето, селекцијата, ориентацијата и патувањето за YES програмата. Основана во 1974 година, Американски совети е меѓународна непрофитна организација која работи на подобрување на меѓусебното разбирање меѓу земјите, разменување идеи меѓу поединците и подобрување на соработката преку едукација. За повеќе од 40 години, Американски совети дизајнираа, спроведуваа и поддржуваа иновативни програми во САД, Европа, Евроазија, Средниот Исток, Азија и Африка за десетици илјади учесници. Тука се вклучени неколку програми на Владата на САД за средношколци (покрај YES програмата), универзитетски и постдипломски студенти, предавачи и професори. Многу други приватни, непрофитни организации во САД, исто така, ја поддржуваат YES програмата. Владата на САД побара од овие организации да сместат ученици од YES програмата во американски семејства-домаќини кои ќе ги поддржуваат учениците и да организираат локални активности во текот на едногодишното траење на програмата.
НАЗАД

Што предвидува стипендијата?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

YES стипендијата го покрива следново:
• Повратен билет за патување од дома до САД и назад
• Месечен надоместок што ќе им помогне на учениците да учествуваат во социјалните активности и да си купат средства за лична хигиена
• Сместување во одбрано и проверено домаќин-семејство во САД во период од една учебна година
• Запишување во средно училиште во САД
• Учество на ориентација на програмата вклучувајќи ориентација пред програмата, и ориентација за повторно прилагодување по враќањето дома
• Програмски активности организирани во локалните заедници во САД
• Медицинско осигурување, со исклучок на претходно постоечки болести и стоматолошка заштита
• Medical insurance, excluding pre-existing conditions and dental care
НАЗАД

Што не е предвидено?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

YES стипендијата НЕ ги покрива следниве трошоци:
• Кои било трошоци поврзани со добивање пасош
• Лични трошоци што не се покриени со месечниот надоместок
• Трошоци за вишок багаж
• Сметки за телефон или за интернет
НАЗАД

2017-18 YES Brochure-2

Кој има право да аплицира за програмата?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Конкурсот за стипендирање на YES е отворен за сите, без трошоци
за аплицирање за апликантите кои ги исполнуваат следниве услови.
Студентите со попреченост се поканети да учествуваат во натпреварот.
Секоја година меѓу YES финалистите вклучуваат и ученици со посебни потреби. Избраните ученици со посебни потреби треба да ги исполнуваат истите критериуми како и другите учесници во програмата. Учениците можат да аплицираат само еднаш во програмата за време
на тековниот циклус на тестирање.

Квалификуваните кандидати мора:

1. Да се родени помеѓу 1 јануари 2002 и 15 јули, 2004.

2. Да ги исполнуваат критериумите за степен на образование одредени за нивната земја

Албанија 10ти и 11ти клас во средно училиште во есен 2018

Босна и Херцеговина 1ва и 2ра година во средно училиште во есен 2018

Бугарија 9ти и 10ти клас во средно училиште во есен 2018

Косово 10та и 11та година во средно училиште во есен 2018

Македонија 1-ва и 2-ра година во средно училиште во есен 2018

3. Да бидат запишани во средно училиште кога ја поднесуваат апликацијата

4. Да имаат солиден просек

5. Да немаат завршено средно образование пред започнување на програмата

6. Да имаат претходно учено aнглиски јазик и да демонстрираат познавање на aнглискиот јазик во моментот на аплицирање

7. Да ги исполнуваат условите за добивање на американска виза

8. Да можат да се стекнат со пасош во земјата од каде што аплицираат за програмата

Учениците со посебни потреби мора да бидат запишани во средно училиште во академската 2018 година и да бидат родени помеѓу 15 февруари 2001 година и 15 јули 2004 година.
НАЗАД

Кој не е подобен?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Учениците немаат право да аплицираат ако:
• Тој/таа не ги исполнува критериумите 1-8
• Тој/таа има престојувано во САД три (3) или повеќе месеци во текот на последните пет (5) години
• Неговото/ нејзинито семејство (член од семејството) :
○ Има аплицирано или аплицира да емигрира во САД
○ Планира или веќе има емигрирано во САД
НАЗАД

Кога и како можам да аплицирам?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Претставници на Американски Совети ќе ги посетат главните градови на регионот во склоп на земјите-учеснички за да спроведат тестирање во текот на есента 2018. Кандидатите треба да дојдат во одредениот тестинг центар во времето на почетната регистрација и да носат доказ дека ги исполнуваат критерумите (извод од книгата на родени или документ за идентифијација-пасош), неодамнешна 3×4 см слика и црно пенкало. Кандидатите можат да аплицират во првиот круг на тестирање само во ЕДЕН тестинг центар есента 2018 година.

Сите кандидати ќе имаат краток тест по англиски јазик (прв круг). Тие кои што ќе го поминат првиот тест ќе пишуваат состав на англиски јазик (втор круг, кој вообичаено се одржува истиот ден веднаш после првиот круг). Кандидатите треба успешно да ги завршат првите два круга од наптреварот, пред да ја добијат финалната Апликација, да полагаат подолг тест за познавање на aнглискиот јазик и да бидат интервјуирани.

Распоредот за тестирање за 2020/2021 за сите земји во Југоисточна Европа ќе биде објавен во септември 2019!

Албанија:

Фиер
Тирана

За повеќе информации јавете се на +355 2235 347 или или на e-mail tirana@americancouncilssee.org

Босна и Херцеговина:

Бања Лука
Тузла
Мостар
Сараево

За повеќе информации јавете се на +387 33 838 262 или на e-mail sarajevo@americancouncilssee.org

Бугарија: Online 

Тестирањето за YES програмата во Бугарија ќе започне ONLINE во септември 2018 година. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат потребните критериуми треба да ја пополнат прелиминарната апликација online https://ais.americancouncils.org/yes (крајниот рок ќе биде објавен наскоро). Одборот за оценување на апликациите ќе ги оцени апликациите online и ќе избере полуфиналисти во ноември. Полуфиналистите ќе добијат подолги апликации, ќе полагаат тест за познавање на англискиот јазик, ќе пишуваат есеј и ќе бидат лично интервјуирани од страна на вработено лице во Американски совети. Апликантите може да аплицираат online и да бидат интервјуирани само еднаш.

За повеќе информации јавете се на +359 87 7333013 или на e-mail sofia@americancouncilssee.org.

Косово:

Каменица
Призрен
Приштина

За повеќе информации јавете се на +381 38 226 255 или на e-mail fjolla@americancouncilssee.org

Македонија:

Куманово
Штип
Струга
Скопје

За повеќе информации јавете се на +389 2 30 76 522 или на e-mail skopje@americancouncilssee.org
НАЗАД

Како оди процесот на тестирање и селекција?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

Учениците се натпреваруваат во неколку рунди. Во полуфиналната фаза, учениците и нивните родители се поканети да присуствуваат на заедничка средба со цел да дознаат повеќе за програмата. Учениците потоа имаат индивидуално интервју со тим вработени од Американски совети, пополнуваат стандардизиран тест за англиски јазик, пишуваат уште два есеи мониторирани од вработените на Американски совети, и ја добиваат официјалната апликација за програмата, што треба да се достави пополнета во локалната канцеларија на Американски совети во рок од две недели.

Селекцијата е базирана на доставените податоци, документи и на покажаната спремност за едногодишно искуство на размена што може да се потврди со сеопфатните апликации на учениците. Доброто познавање на англискиот јазик е важно, но тоа не е единствениот елемент за селекција и затоа не е пресудно. Учениците исто така ќе треба да направат здравствени прегледи и да бидат потврдени/одобрени како здрави за учество во програмата.

Процесот на селекција завршува на пролет и сите апликанти ќе добијат известување за нивниот статус до средината на мај. Избраните финалисти ќе учествуваат на ориентација пред програмата во текот на месец јуни или јули и ќе патуваат во САД во јули или август. Учениците се враќаат дома во јуни следната година. YES учениците мора да се вратат во нивната родна земја на крајот на програмата, на датата одредена од Американски совети. Визата за САД издадена за учесниците на оваа програма нема
да биде изменета или продолжена после крајот на програмата во ниеден случај.
НАЗАД

Каков бенефит ќе имам од размената?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
YES програмата им нуди на учениците можност да научат за луѓето и културата на Соединетите Американски Држави. YES учесниците се
исто така млади амбасадори кои ги учат американците за луѓето и културата на нивните земји. Учениците се стекнуваат со разбирање за
други култури и развиваат чувство на сензибилност кон нив, искусуваат личен раст и независност, и стануваат подобрo подготвени за еден
се΄ повеќе меѓузависен свет. Учениците создаваат силни врски со нивните семејства домаќини и американските заедници каде живееле, градејќи врски што често траат доживотно. Многу алумни се запишуваат на престижни универзитети по нивното враќање дома и потоа наоѓаат возбудливи работни места каде ги применуваат вештините стекнати за време на престојот во САД.
НАЗАД

2017-18 YES Brochure-3Што треба да земеш во предвид пред да аплицираш за YES?
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

Учениците кои се интересираат за програмата треба да ги земат во предвид можните негативни исходи од програмата:
• Дали ќе треба да ја повторам годината во училиштето кога ќе се вратам дома?
• Дали ќе стигнам дома предоцна за да ги полагам завршните испити/тестови за упис на факултет? YES учениците се враќаат во нивните земји доцна во јуни следната година.
• Дали моето училиште / универзитет ќе го одложи моето запишување доколку веќе ме примиле?
• Дали ќе треба да служам војска после моето враќање?
• Дали ќе можам да матурирам како првенец/да добијам златен медал во моето училиште?

За крај, иако учениците се запишани во американско средно училиште, наставната програма е значително различна од таа во други
држави, и веројатно нема да го учиш истиот предметен материјал.
НАЗАД


Follow YES

Instagram.icontwitter.iconfacebook.iconwww.icon

 

 

 

Follow American Councils on Facebook

YES Albania YES Bosnia and Herzegovina YES Bulgaria YES Kosova YES Macedonia
alb50 bos50 bulg50 kos50 mac50

 


YES  Mailing List Subscription

* indicates required